| четврток, 6 декември 2018 |

Со напорен тренинг до совршено тело!

teri

Тери Хачер си најде друштво за напорните тренинзи со кои ја одржува витката става. Тоа е нејзината убава ќерка, 18 годишната Емерсон Тини. Мајката и ќерката се редовни посетители на фитнес студио во Л.А.

Вака ќе се дружат барем додека Емерсон, која е единствено дете на Тери, не замине на колеџ.

teri2

Неодамна, зборувајќи за хуманитарната иницијатива на Емерсон која отвори блог за собирање на средства за сиромашните ученици кои сакаат да студираат, Тери за „People“ изјави: ­ Кога имате среќа најважно е да не подигнете размазено дете. Како расте и станува возрасна, се повеќе иницијативи доаѓаат од неа. Оваа идеја да се помогне за оние кои сакаат да стекнат образование во нашата заедница, навистина дојде од неа ­ вели гордата мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top