Исповед на душевно болна девојка не остави никого рамнодушен во регионот. Пред 16 години Белград го потресе грозоморен настан кога тројца мажи, буквално, извлекле девојка од душевна болница, по што со денови ја држеле во стан и ја присилувале на орален и на анален секс.
Тоа што предизвика најмногу гадење кај присутните во судницата беше тоа што едниот од виновниците рече дека со девојката се однесувале како со животно од пазар. На муштериите им велеле „Немојте денес, зафатена е цел ден, дојдете утре“.
За грабнување, киднапирање, силување и за тортура врз душевно болната 25-годишна Маја И. е изречена казна од пет и пол години затвор. И нејзината поранешна цимерка учествувала во киднапирањето и во планот на монструмите, поради што добила 10 месеци затвор.
Приказната почнала кога несреќната Маја ѝ поверувала на својата цимерка од душевната болница „Доктор Лазо Лазаревиќ”, дека ќе ѝ помогне да избега. Ја пречекале трите момчиња, се согласила да тргне со нив, но тие ѝ приредиле хорор. Ја држеле три дена и наизменично ја силувале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст