| четврток, 6 декември 2018 |

За­ев се исплаши, чадорите на „шарените“ подготвени за на плажа

Ла­ни, ефе­ктот на и та­ка пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“ це­лос­но се за­гу­би со до­а­ѓа­ње­то на ле­то­то и на од­мо­ри­те, а ша­ре­на­та бур­леск­на ре­во­лу­ци­ја вле­зе во исти­от пер­и­од. Со­се­ма раз­бир­ли­во е што За­ев и СДСМ ста­ви­ја во пет­та бр­зи­на и на­мет­наа рок од са­мо 11 де­на за ис­пол­ну­ва­ње ред кон­фуз­ни ус­ло­ви. За­пад­ни­от ча­дор ги шти­ти, но ви­стин­ски­те ча­до­ри за сон­це ги пла­шат. И Бри­сел ги до­те­па. Са­каа да му „уго­дат“ на „ча­до­рот“ со ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на про­те­сти пред Со­ве­тот на ЕУ, а тој се од­ло­жи од пред­ви­де­ни­от 20 ју­ни по­ра­ди бри­тан­ски­от Брек­зит. Ста­ти­ва до ста­ти­ва,а во пар­ти­ја­та глас­но одек­ну­ва „тик-так, тик-так“, но не ка­ко нај­а­ва за „бом­ба“...

„Ка­ко ќе поз­на­е­те член на вр­ху­шка­та на СДСМ? – По кра­тки­те но­зе, се раз­би­ра! -Ка­ко по нив? –Па на ла­га­та ѝ се кра­тки но­зе­те, а СДСМ еп­тен ја пре­те­ра, За­ев ве­ќе но­си пан­та­ло­ни од вто­ро од­де­ле­ние…“ Ова е са­мо ед­на од мно­гу­те ше­ги на со­ци­јал­ни­те мре­жи со кои Ма­ке­дон­ци­те се под­би­ва­ат со не­кон­зи­стент­но­ста, ла­ги­те и со се­којд­нев­но­то са­мо­де­ман­ти­ра­ње на ли­де­ри­те на СДСМ и на нив­ни­те пу­ле­ни од ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја, за кои се те­ра ше­га­та де­ка освен днев­ни­ци­те за до­а­ѓа­ње на про­тест, се­га им ги пла­ти­ја и каз­ни­те за ху­ли­ганс­тво­то. Нај­го­ле­ма за­бе­ле­шка на си­те оста­ну­ва што За­ев и Ше­ќе­рин­ска са­мо учес­тву­ваа во „до­на­ци­ја­та“ за сво­и­те ша­ре­ни со­пар­тиј­ци. По ло­ги­ка­та на не­шта­та, тре­ба­ше без проб­лем од сопс­твен џеб да пла­тат за ус­лу­ги­те на тие што се­ко­ја ве­чер, освен не­де­ла, се „бо­рат со ре­жи­мот“ и со дру­ги­те ве­тер­ни­ци. Ва­ка чо­ве­кот поз­нат по ми­ли­о­ни­те од тен­де­ри и „гло­бал­ни­от“ проб­лем и же­на­та пре­поз­нат­ли­ва по „со­ле­на­та“ ки­ри­ја, јах­ти­те и чан­ти­те, да­доа по три ил­ја­дар­ки. Де­на­ри, се раз­би­ра…

Нај­го­ле­ма на­вре­да и са­мо­бен­ди­са­но пот­це­ну­ва­ње на ин­те­ли­ген­ци­ја­та на сопс­тве­ни­от на­род, пак, оста­ну­ва се­којд­нев­на­та бур­ле­ска во ко­ја СДСМ из­ле­гу­ва и па­те­тич­но, без срам и пер­де, ја под­др­жу­ва сопс­тве­на­та ква­зи­ре­во­лу­ци­ја, ма­кар би­ла и ша­ре­на, прет­ста­ву­вај­ќи ја ка­ко гра­ѓан­ска. Та­ка, За­ев и Ше­ќе­рин­ска ве­чер­та на 6 мај, со си­от ум за­ми­наа на про­тест за да ги доз­на­ат ста­во­ви­те на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“?! И до­де­ка си­те се сме­е­ја, тие ги ис­лу­шаа, се про­ше­таа и утре­ден­та ус­ло­ви­ја со си­те нив­ни ша­ре­ни ба­ра­ња, де­мек го слу­ша­ле на­ро­дот. Иа­ко слу­ша­ње­то на гла­сот на на­ро­дот би бил ви­стин­ска про­ме­на и на­пре­док во 25-го­диш­на­та ег­зи­стен­ци­ја на ели­ти­стич­ка­та пар­ти­ја, глав­ни­от проб­лем во про­да­ва­ње­то на ша­ре­на­та па­ро­ди­ја бе­ше по­втор­но тој, ли­де­рот, кој по оби­чај за­бо­ра­ви де­ка де­мек не е за­ед­но со ша­ре­ни­те, па изу­ми и да ка­же – што ако не ги ис­пол­нат ба­ра­ња­та на ша­ре­ни­те со­гра­ѓа­ни…

 

analiza197-2

Шареното тројство на СДСМ го збуни лидерот

Та­ка, гор­ди­от ли­дер из­ле­зе на прес-кон­фе­рен­ци­ја и ги со­оп­шти сво­и­те кон­тра­ди­ктор­ни ба­ра­ња, во кои бо­реј­ќи се за „прав­на др­жа­ва“ ка­ко ус­ло­ви ги на­ве­де од­но­сот на Устав­ни­от суд кон СЈО, суд­ско ос­ло­бо­ду­ва­ње на ван­да­ли­те што кр­шеа и бо­е­ја и во втор ред ве­ќе ис­пол­не­ти ус­ло­ви ка­ко из­би­рач­ки­от спи­сок и учес­тво­то во вла­да, одам­на ап­сол­ви­ра­ни пра­ша­ња. Кон­фуз­но­ста на За­ев, се­пак, ја наг­ла­си мо­мен­тот што тој за­бо­ра­ви да ка­же што ако не би­де по не­го­во? За­гу­бен во пре­во­дот или по­ве­ро­јат­но во единс­тво­то на со­ци­ја­де­мо­крат­ско­то све­то или, по­ве­ро­јат­но, ша­ре­но тројс­тво кое ги со­др­жи СДСМ, СЈО и ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја, тој изу­ми да ка­же со што се за­ка­ну­ва. Раз­бир­ли­во, па пред са­мо 12 ча­са за­ка­ни­те ги со­оп­шти не­го­во­то ал­тер его од ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја – ка­жаа де­ка ќе бло­ки­ра­ат, ра­ди­ка­ли­за­и­ра­ат и што ли не. За­ев за­бо­ра­ви де­ка за јав­но­ста не се ед­но, ту­ку се из­мис­ле­на „на­стра­на гра­ѓа­ни и на­стра­на пар­ти­ја“, ко­ја са­мо ги под­др­жу­ва, па не ни по­мис­ли де­ка е по­треб­но да ка­же – што би би­ло ко­га не би бил ис­пол­нет нив­ни­от без­о­бра­зен ул­ти­ма­тум.

 

analiza197-3

Статива и со процената за радикализација пред советот на ЕУ

Дла­бо­ко нав­ле­чен на бој­кот, про­те­сти и на ус­ло­ву­ва­ња, СДСМ и се­га уце­ни со вре­мен­ски рок за ис­пол­ну­ва­ње на „гра­ѓан­ски­те“ ба­ра­ња. Да­де 11 де­но­ви за нив­но ре­ша­ва­ње. Ина­ку, се се­ќа­ва­те де­ка и Вла­да­та тре­ба­ше да пад­не за три де­на од об­ја­ву­ва­ње на „бом­би­те“.

Фа­моз­ни­от 18 ју­ни, пак, во се­бе ги крие и мо­ти­ви­те за ова раз­у­ла­ве­но ита­ње на пар­ти­ја­та. Чу­му ток­му 18 ју­ни, се пра­шаа ед­но­бој­ни­те гра­ѓа­ни, кои тие ми­лу­ва­ат да ги на­ре­чат сто­ка. Об­јас­ну­ва­ње­то е мно­гу ло­гич­но и про­из­ле­гу­ва од два мо­ти­ва што ги при­ти­ска­ат во дејс­тву­ва­ње­то. Пр­во, Со­ве­тот на ЕУ, на кој ча­до­рот да­ва сѐ од се­бе да ја про­тур­ка Ма­ке­до­ни­ја ка­ко без­бед­нос­но пра­ша­ње, тре­ба­ше да се одр­жи на 20 ју­ни, та­ка што ра­ди­ка­ли­за­ци­ја на 18 ќе бе­ше полн по­го­док. Та­ка, би му „уго­ди­ле“ и на „ча­до­рот“, кој би ја зел ка­ко од­ли­чен адут кар­та­та де­ка со­стој­ба­та во Ма­ке­до­ни­ја се вло­шу­ва, сѐ за да нѐ ста­ви на дне­вен ред, чин што из­ми­на­ти­те се­дум го­ди­ни од бло­ка­да­та на Гр­ци­ја и ве­то­то во ЕУ по пр­ва­та пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри од ЕК ни­ка­ко не им тек­ну­ва­ше.

Но, упс, по­втор­но ста­ти­ва! Ка­ко и сто­ти­ци па­ти до­се­га, СДСМ, се из­ле­та со про­це­на­та. За­ев си ка­жа за да­ту­мот, а по­ра­ди Бри­та­ни­ја и гла­са­ње­то за Брек­зит на 23 ју­ни, Со­ве­тот на ЕУ ја од­ло­жи сред­ба­та за крај на ме­се­цот. Не би се за­чу­ди­ле се­га За­ев да из­ле­зе и во сопс­твен стил да ре­че де­ка се пре­мис­ли­ле и де­ка нов да­тум за не­ло­гич­ни­те ус­ло­ви е 29, а не 18 ју­ни. Се­пак, по­ве­ро­јат­но е де­ка да­ту­мот е по­вр­зан со друг, по­го­лем страв. И тој од ча­до­ри, ама ви­стин­ски…

 

analiza197-4

Стравот од чадорите го наметна 18 јуни

Оно­ма­то­пе­ја­та на тај­ме­рот што ги от­чу­ку­ва пос­лед­ни­те мо­мен­ти пред де­то­на­ци­ја на бом­ба, ма­кси­мал­но ко­ри­сте­но­то „тик-так, тик-так“ со кое спа­си­те­лот од Мур­ти­но ги нај­а­ву­ва­ше сво­и­те пе­тар­до­ид­ни „бом­би“, се­га е оно­ма­то­пе­ја за пос­лед­ни­те мо­мен­ти на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“. Се бли­жат лет­ни­те од­мо­ри, а ша­ре­ни­те ван­да­ли по­ка­жаа де­ка мно­гу ми­лу­ва­ат до­бро да од­мо­рат по на­пор­но­то бо­ја­ди­су­ва­ње. Се­кој ви­кенд до­се­га го пра­веа тоа, а се­га по тол­ку труд и енер­ги­ја по­тро­ше­на на ху­ли­ганс­тво и ван­да­ли­зам им тре­ба и по­дол­га по­чин­ка. По мож­ност, обез­бе­де­на од днев­ни­ци­те на до­бро­тво­ри­те, на не­ко­ја пла­жа. Овој не­по­би­тен и до­ка­жан факт ја исп­ла­шил, со пра­во, и вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, ко­ја ќе оста­не и без сто­ти­на­та нај­ре­дов­ни ша­ре­ни мо­ле­ри, а при­ка­ска­та за не­ка­ква си ре­во­лу­ци­ја ќе оста­не са­мо грд спо­мен за дво­ме­се­чен срам на ед­на гнев­на пар­ти­ја ис­пол­не­та со омра­за, ко­ја се оби­де да ја бо­ја­ди­са и пре­бои сопс­тве­на­та исто­ри­ја во оби­дот за вра­ќа­ње на власт. За­луд­но днев­ни­ци­те од 20 евра, се­га до­а­ѓа вре­ме ко­га ќе тре­ба и да се по­тро­шат па­ри­те. Уште по­го­ле­ма па­ни­ка пре­диз­ви­ку­ва мож­но­ста ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ да ја до­жи­вее суд­би­на­та на „бом­би­те“ на За­ев. Не слу­чај­но и две­те се во на­вод­ни­ци. Ка­ква ре­во­лу­ци­ја, та­кви бом­би, не­ли.
Ла­ни, ефе­ктот на и та­ка пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“ це­лос­но се за­гу­би со до­а­ѓа­ње­то на ле­то­то и на од­мо­ри­те, а ша­ре­на­та бур­ле­ска вле­зе во исти­от пер­и­од . Не слу­чај­ни се и иден­тич­ни­те ефе­кти од две­те не­бу­лоз­ни дејс­тва – „бом­би­те“ ме­сто да го диг­нат, го ур­наа и та­ка ма­ли­от реј­тинг на За­ев и СДСМ, а ан­ке­ти­те по стар­тот на ша­ре­на­та бур­ле­ска го по­ка­жаа исто­то. То­гаш, „бом­би­те“ ги ис­про­во­ци­ра Ни­ко­ла Гру­ев­ски со прес-кон­фе­рен­ци­ја­та за оби­дот за пуч на За­ев. Ша­ре­на­та „ре­во­лу­циа“, пак, ја ис­про­во­ци­ра Ѓор­ѓе Ива­нов. И по­втор­но, ин­тен­зи­те­тот и ин­те­ре­сот па­ѓа, а ле­то­то не­ми­нов­но до­а­ѓа, нај­а­ву­вај­ќи акут­на ша­ре­на ме­но­па­у­за.

Со­о­че­на со овој страв, вр­ху­шка­та во па­ни­ка одре­ди да­тум, кој, со­се­ма слу­чај­но, не­ли, е пред­вес­ник на по­се­ри­оз­ни­от по­че­ток на лет­на­та се­зо­на и аранж­ма­ни­те од 20 ју­ни. За За­ев, Ве­ру­шев­ски и за Ча­у­шот нај­до­бар ча­дор, мо­же­би, е стран­ски­от за­штит­ник, но за ша­ре­ни­те че­да на „ре­во­лу­ци­ја­та“ – не­ма по­до­бар ча­дор од тој на пла­жа во Гр­ци­ја, Мал­та, Шпа­ни­ја…

 


Даштевски:
Кулминација на Заевата конфузност

Aleksandar-Dastevski-200Не знам да­ли да ка­жам де­ка сум из­не­на­ден, би­деј­ќи опо­зи­ци­ја­та по­сто­ја­но да­ва ва­кви не­ло­гич­ни из­ја­ви, па тоа ве­ќе ста­ну­ва нор­мал­но, ве­ли уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор Але­ксан­дар Да­штев­ски, спо­ред кој на пос­лед­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја до­а­ѓа до кул­ми­на­ци­ја на кон­фуз­но­ста во из­ја­ви­те.

Даштевски: За­мис­ле­те, гла­вен ус­лов за из­ле­гу­ва­ње од по­ли­тич­ка­та кри­за е устав­ни­от суд да до­не­се од­лу­ка да­ли е устав­но или не­у­став­но по­сто­е­ње­то на СЈО. Кој мо­же да раз­бе­ре што зна­чи тоа и ка­ко да се тол­ку­ва, а тоа е нив­ни­от гла­вен ус­лов за из­ле­гу­ва­ње од кри­за­та. Да­ли опо­зи­ци­ја­та има до­ста­ве­но ини­ци­ја­ти­ва за ис­пи­ту­ва­ње на устав­но­ста на за­ко­нот или, пак, тоа го те­ме­ли на не­ко­ја дру­га ини­ци­ја­ти­ва? Ако е тоа по­ли­тич­ко ба­ра­ње, зо­што се упа­ту­ва кон устав­ни­от суд. Да­ли ова прет­ста­ву­ва ул­ти­ма­тум кон су­дот? Не ли е ова обид за вр­ше­ње при­ти­сок врз су­дот, кој е не­за­ви­сен др­жа­вен ор­ган и ни­кој не мо­же да му се ме­ша во ра­бо­та­та?

Вто­ро­то ба­ра­ње е да се ос­ло­бо­дат си­те што про­те­сти­ра­ат. Исто ка­ко и прет­ход­но­то и ова е двос­мис­ле­но и не­јас­но ба­ра­ње. Пр­во, тие што про­те­сти­ра­ат се на сло­бо­да и се­кој ден не­пре­че­но им се овоз­мо­жу­ва да го ос­тва­ру­ва­ат тоа пра­во, иа­ко има еле­мен­ти на не­по­чи­ту­ва­ње на за­ко­нот, ка­ко на при­мер не­при­ја­ву­ва­ње на про­те­стот во за­кон­ски­от рок. Се го­нат тие што на­пра­ви­ле кри­вич­ни де­ла во те­кот на про­те­сти­те. За нив­но ос­ло­бо­ду­ва­ње или су­де­ње од­лу­чу­ва су­дот, а не по­ли­тич­ка стру­кту­ра и ако по­сто­јат ус­ло­ви, суд­ска­та власт ќе си до­не­се од­лу­ка зас­но­ва­на на за­ко­нот, во по­стап­ка што е, исто та­ка, утвр­де­на со за­кон.

Ова е мно­гу ин­те­рес­но до­тол­ку по­ве­ќе што вед­наш по овие две ба­ра­ња, ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та ве­ли де­ка ко­неч­но во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да дој­де до вла­де­е­ње на пра­во­то. Ка­ко е мож­но по овие ба­ра­ње да се ре­че тоа, би­деј­ќи и две­те се спро­тив­ни на вла­де­е­ње на пра­во­то, ка­ко и мно­гу дру­ги ра­бо­ти кои прет­ход­но се слу­чи­ја на про­те­сти­те, а дел од нив ток­му лич­но од не­го. За­тоа, не знам да­ли се ра­бо­ти за фло­ску­ли што се по­вто­ру­ва­ат за да се по­пол­ни ме­сто ме­ѓу ба­ра­ња­та или не­кој тре­ба да му об­јас­ни што зна­чи тој тер­мин.

Вто­ри­от сет на ба­ра­ња е уште по­кон­фу­зен. На це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност ѝ е јас­но де­ка из­би­рач­ки­от спи­сок е про­чи­стен и де­ка по таа ос­но­ва ве­ќе е не­ло­гич­но да се раз­го­ва­ра. Из­ме­ни­те што ги ба­ра­ше ДИК за из­би­рач­ки­от спи­сок беа изг­ла­са­ни во Со­бра­ни­е­то од пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ на пр­ва­та сед­ни­ца, ко­ја ја сви­ка пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то по од­лу­ка­та на Устав­ни­от суд, на ко­ја не при­сус­тву­ваа пра­те­ни­ци­те на СДСМ. Зна­чи, тоа пра­ша­ње е ве­ќе ре­ше­но, а про­чи­сту­ва­ње­то ќе про­дол­жи во кон­ти­ну­и­тет сѐ до из­бо­ри­те.

На ба­ра­ње­то што се од­не­су­ва на из­ме­ни­те на За­ко­нот за ме­ди­у­ми ин­тен­зив­но се ра­бо­ти во Вла­да­та по пре­по­ра­ки­те за до­би­ва­ње пре­го­во­ри во ЕУ и пред­ло­зи­те на При­бе, кои тре­ба да се спро­ве­дат, во сог­лас­ност со нај­де­мо­крат­ски­те европ­ски стан­дар­ди. Не знам да­ли опо­зи­ци­ја­та не го знае тоа или го иг­но­ри­ра.

Ко­неч­но, фор­ми­ра­ње­то вла­да за спро­ве­ду­ва­ње из­бо­ри е, исто та­ка, ап­сол­ви­ра­но пра­ша­ње и до тоа ќе дој­де, ка­ко што е до­го­во­ре­но со До­го­во­рот во Пр­жи­но, 100 де­на пред из­бо­ри­те, за­тоа и овој пред­лог е не­ја­сен. Всуш­ност, се ба­ра не­што што не е спор­но.

Тоа што уште по­ве­ќе из­не­на­ду­ва е де­ка опо­зи­ци­ја­та не ка­жу­ва што ако не се ис­пол­нат овие пра­ша­ња. Да­ли ќе дој­де до бло­ки­ра­ње на ули­ци­те што ќе ги ири­ти­ра си­те гра­ѓа­ни на Скоп­је и на ре­пуб­ли­ка­та, или ќе се за­ми­не на Хал­ки­ди­ки и дру­ги атра­ктив­ни де­сти­на­ции.

 

Костов: Логично е аболиран политичар да прави политички рекет

Sotir-Kostov-2-200Костов: Од­жи­ве­ав­ме ед­на и пол го­ди­на ус­ло­ву­ва­ње, т.е. уце­ну­ва­ње од Зо­ран За­ев на ко­а­ли­ци­ја­та на власт, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кон Ни­ко­ла Гру­ев­ски и Али Ах­ме­ти, а бо­га­ми и кон Мен­дух Та­чи и ДПА, кон но­ви­на­ри и ме­ди­у­ми, кон биз­нис­ме­ни, кон гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Но, За­ев е не­у­мо­рен и про­дол­жу­ва. Ве­ќе не са­мо што ус­ло­ву­ва, ту­ку и мо­ли за не­што за што сѐ уште не знае ка­ко, на кој на­чин, да ѝ го со­оп­шти на јав­но­ста. Вмет­ну­ва ди­рект­но во пет­та бр­зи­на и ни збо­ру­ва де­ка не бе­га од из­бо­ри, де­ка тој е за бр­зи из­бо­ри, де­ка ВМРО-ДПМНЕ бе­га од из­бо­ри. Вед­наш по­тоа пре­фр­лу­ва во ри­кверц и по­на­та­му ис­по­ра­чу­ва но­ви ус­ло­ву­ва­ња или, да би­дам по­кон­кре­тен, по­ста­ву­ва но­ви уце­ни, кои тре­ба да му ги ис­пол­нат, па ду­ри по­тоа сед­ну­ва­ње на ма­са и пре­го­во­ри. А ако се сми­лу­ва гос­под Бог (чи­тај За­ев), ќе има из­бо­ри. А мо­же­би и не! Ни­ко­гаш ни­што не се знае и не е си­гур­но со не­го. Тој и не би бил За­ев, та­ков ка­ков што е, ако не е та­ка.

Ама, се чи­ни, тоа е. Од не­го ни не­ма спас. Ду­ри и по­ло­шо од тоа, не­го­ви­от не­раз­бир­лив ја­зик, би ре­кол Кр­ле­жа, е по­ра­ка за ха­о­тич­ни и збр­ка­ни мис­ли, по­ра­ка и по­твр­да за не­чес­на по­ли­ти­ка, а јас би до­дал и за­не­ма­ру­ва­ње на мо­ра­лот и отсус­тво на ети­ка во не­го­во­то по­ли­тич­ко од­не­су­ва­ње. Тоа е од­не­су­ва­ње, чиј­што кра­ен ефект се бло­ка­ди, не­ми­ри и на­силс­тва. Тој, де­фи­ни­тив­но, е иск­лу­чи­те­лен тип, ко­го во по­ли­ти­ка­та го воз­бу­ду­ва­ат са­мо уце­ни, а таа не­го­ва воз­бу­да до­жи­ву­ва ек­ста­за ко­га ис­по­ра­чу­ва му­зич­ки жел­би. Та­ка тој и се­га, без срам и пер­де, ли­ку­ва­ше де­ка сѐ што ка­жал по­го­дил, сѐ што по­ба­рал до­бил. Еве не­ка му би­де: та­ка е бе За­ев! Ама ај­де ед­наш со­бе­ри хра­брост и по­ка­жи де­ка си под­го­твен да из­ле­зеш и на из­бо­ри. Или ка­жи ѝ на ма­ке­дон­ска­та јав­ност ко­га ќе се одр­жат пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, па да ни олес­ни на си­те. Ем и тоа ќе го по­го­диш (100 про­цен­ти ефи­кас­на ви­до­ви­тост), а бо­га­ми и си­те ќе ти приз­на­е­ме де­ка еве зас­лу­га­та за ко­неч­но­то одр­жу­ва­ње на из­бо­ри­те е тво­ја и са­мо тво­ја. А не ва­ка, ба­рај­ќи до 18 ју­ни Устав­ни­от суд да се из­јас­ни за ини­ци­ја­ти­ва­та за устав­но­ста на СЈО, и да би­дат ос­ло­бо­де­ни не­го­ви­те ша­ре­ни при­ја­те­ли, кои сквер­на­веа и на­гр­ду­ваа кул­ту­ра, умет­ност, исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја, да играш мај­тап со ин­сти­ту­ци­и­те на судс­тво­то и на др­жа­ва­та. И се­га пра­шу­вам: Е па не­ли тој е де­мо­крат­ски бо­рец за Уста­вен суд, кој ќе ра­бо­ти без по­ли­тич­ки ул­ти­ма­ту­ми и пар­ти­ски при­ти­со­ци? Не­ли тој ве­ле­ше де­ка се бо­ри за не­за­вис­но судс­тво? Не гос­по­да, тој не мо­же да би­де тоа за­тоа што е оби­чен по­ли­тич­ки кри­ми­на­лец, кој за­на­ет за уце­ни уче­ше од Ве­ру­шев­ски, а по­ли­тич­ки­от ре­кет го спро­ве­ду­ва со врв­ни струч­ња­ци од ти­пот на Ча­у­шот и на не­го­ва­та ха­кер­ска и ре­ке­тар­ска бан­да.

По­ве­ќе од јас­но е де­ка За­ев не са­мо што се па­за­ри, ту­ку и се ли­га­ви ка­ко че­ти­ри­го­диш­но де­те, кое пла­че, ама не знае зо­што и од кои при­чи­ни. Ете тоа е на­ша­та ре­ал­ност де­нес. Не знам, мо­же­би на­ви­сти­на мно­гу, ду­ри и прем­но­гу, е оду­ше­вен од ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја, па си доз­во­лу­ва тие да со­оп­штат не­ка­кви си ул­ти­ма­ту­ми, а по­тоа тој ги пре­зе­ма и ги прог­ла­су­ва за свои, т.е. ул­ти­ма­ту­ми на СДСМ. Тоа е не­го­во­то сфа­ќа­ње за ли­дерс­тво: да во­ди, та­ка што дру­ги ќе го во­дат. Со та­кво ли­дерс­тво, од нов тип, и ка­ко ли­дер од нов ков, тој са­мо го нич­ко­са СДСМ и го ур­ни­са и ми­ни­му­мот по­ли­тич­ки диг­ни­тет што го има­ше пар­ти­ја­та.Та­ка што, ко­га СДСМ ја пра­кти­ку­ва по­ли­ти­ка­та на ин­тер­нет, тоа е по­ли­тич­ко ре­ке­тарс­тво, про­мо­ви­ра­но од Ча­уш, а ко­га ја пра­кти­ку­ва ка­ко улич­но ху­ли­ганс­тво, кое бло­ки­ра и уни­шту­ва, тоа е ули­чен кри­ми­нал, про­мо­ви­ран од СДСМ – кри­ми­нал­ци за улич­ни бло­ка­ди. Ни по­мал­ку, ни по­ве­ќе, ту­ку ша­ре­ни са­мо­прог­ла­се­ни ре­во­лу­ци­о­не­ри, до­ка­жа­ни улич­ни ху­ли­га­ни и на­сил­ни­ци, а бо­га­ми во пос­лед­но вре­ме и по­твр­де­ни су­де­ни и осу­де­ни кри­ми­нал­ци, кои бло­ки­ра­ат ули­ци, бу­ле­ва­ри и кр­стос­ни­ци. Не, не, не пре­те­ру­вам! До­бро знам што збо­ру­вам. Па имам очи и гле­дам, ка­ко тие кри­ми­нал­ци на­пад­наа це­ло се­мејс­тво, маж и же­на, кои со авто­мо­бил го но­сеа на прег­лед сво­е­то бол­но де­те. Сра­мо­та! А и сним­ки­те по­ка­жаа кои се: Кри­ми­нал­ци од кри­ми­на­лен кон­теј­нер со пет ѕвез­дич­ки – це­ло скоп­ско кри­ми­нал­но под­зем­је.

А ко­га и до­бро ќе раз­мис­лам, мис­лам де­ка се­то оваа ра­бо­та со За­ев и има ло­ги­ка: Па што дру­го да оче­ку­ва­ме од або­ли­ран по­ли­ти­чар, освен по­ли­ти­ка­та да ја пра­кти­ку­ва пре­ку по­ли­тич­ко ре­ке­тарс­тво, пре­ку те­ле­фон, ин­тер­нет и не­за­кон­ски сним­ки, но и пре­ку по­ли­тич­ко и фи­зич­ко на­силс­тво на ули­ца. А таа и та­ква не­го­ва по­ли­ти­ка, ми за­ли­чу­ва на јаг­ле­ро­ден мо­но­ксид, кој са­ка да ни ја за­ду­ши и уни­шти кул­ту­ра­та, ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, гра­де­на со ве­ко­ви, ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, кис­ло­ро­дот на на­ше­то под­неб­је. Поз­на­то ни е де­ка без кис­ло­род не­ма жи­вот, зна­чи без кул­ту­ра не­ма оп­штес­тве­но жи­ве­е­ње и ци­ви­ли­за­ци­ја.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 197. број на неделникот „Република“, 10.06.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top