Вчеравечер во 21.40 часот во Штип на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“, автомобил „алфа ромео 156“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (37) од Штип, удрил во велосипедистот Б.Д. (59) од Штип.
Од незгодата на самото место починал велосипедистот. Смрт е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош – Штип.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Возачот и сопатникот Г.М. (36) се алкотестирани, при што кај Г.Д. е констатирано присуство на алкохол од 1,23 промили, а кај сопатникот Г.М. е констатирано присуство на алкохол од 1,87 промили.
По наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција над телото на починатиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст