Захир Бекири – Чауш е единствениот сват на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој не добил тендер од Општина Струмица, открива ексклузивно „Минус инфо.“ Криминалецот кој со „Фабриката за афери“ сакаше да му го „смести“ на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од нарачката на врхушката на опозициската партија доби само нови две и пол години затвор. И покрај тоа, тој со пиетет зборувал за најпознатиот му сват.
-„Не ми е првпат да лежам, неам гајле. За сват ми Заев се ќе напраам. Заев акбар!“ – прокоментирал Чауш во Идризово, врзувајќи го сапунот околу врат со сиџимче.
Извори на „А1, оф!“ пренесоа дека во екот на тендерите во Општината на Заев, Чауш не добил дел од колачот од оправдани причини. Тогаш Чаушот работел на друг „проект“ на СДСМ, кој како и сите нивни проекти, не успеал. Оддруга страна, Чауш бил зет за само трета братучетка,а редот роднини кај Заев бил долг. ТВ „Селма“ пренесе дека според нивните истражувачки новинари, Заев успеал да даде тендери на само 137 роднини, а тоа фаќало до одредено „колено“, па не ни стигнал до третите братучетки. Третите братучеди, како машки роднини, сепак, успеал да гивдоми и тендероса, соопшти ултра опозициската телевизија.
Сепак, Заев подоцна сфатил дека направил голема грешка со Чаушот, па за компензација ја вработил братучетката кај соборецот Жерновски. Тоа не му било доволно, па со голема грижа на совеста што сопартиецот го оставил „на улица“ без ниту еден тендер, Заев горко се покајал и брцнал во бурето со незаконски прислушувани разговори и на тепка му дал еден грст хард-дискови. Со растреперен глас и мешајќи струмички како и секогаш кога е возбуден, Заев со солзи го потапшал Чаушот и нежно му соопштил:
-„Се надевам дека ќе ми простеш! Те ти 70-на илади муабети, рандом, разбира се. Надевам се оти ќе ти се погодат. Посакувам ти убаво да профитираш сос них и прости шо те заборавих за тендерето.Ама не ти и давам безусловно. Ако ти се разработе фабриката, ќе требе да вработеш минимум 20 мои роднини од фамилијата. Бива ле?“
Чаушот пресреќен, блажено кимнал со главата и симултано, заедно со Заев се поклонил пред иконата на партискиот папа, го бациле и оставиле по 10 денари на олтарот, стар обичај во СДСМ што значело дека даваат беса дека нема да отстапат од кажаното.
Два месеци подоцна, пренесе ТВ „24 паравести“, Чаушот е уапсен, а фабриката му оди во стечај. Заев бил силно разочаран, но мирно спиел затоа што од негова страна, учинил се за сватот, а и чадорот ветил дека ќе направи се за да го заштити и да му издејствува максимум две и пол години затвор.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст