Мајка (50) неделава му подари бубрег на својот 29-годишен син, во операцијата што била успешно изведена од лекарскиот тим во Центарот за трансплантација на Универзитетската клиника за урологија во Скопје. Со оваа интервенција, по неколкумесечен застој, продолжуваат овие сложени операции, на кои чекаат околу 170 бубрежно болни во земјава, пишува Дневник.
Со ова значително се зголемени надежите дека во иднина ќе се најдат начини да им се помогне и на тие болни. Инаку, повторното стартување на трансплантациите внесе возбуда и елан меѓу вработените на Kлиниката за урологија, слично како пред три години, кога по подолг период – од неколку децении – продолжија со овие операции. Слично е и кај анестезиолозите, нефролозите, трансфузиолозите и други што учествуваат во подготовка на овие пациенти за операција и непосредно во операцијата. Директорот на клиниката, прим. д-р Михаил Пенев, потврдил дека се поминало во најдобар ред:
-По застојот од јуни минатата година, среќни сме што во средата е успешно направена и оваа трансплантација. Пациентка родена во 1966 година, инаку мајка на болниот, му подари бубрег на својот син, кој е роден во 1987 година. За сега се е во ред – и донорот и примателот на органот се во стабилна здравствена состојба, изјави д-р Пенев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст