Премиерот Емил Димитриев кој денеска присуствуваше на отворање на нова улица во Македонска Каменица најави нов инвестициски циклус од 1,8 милиони евра во овој град.
Новата улица, како што најави тој, ќе го поврзува центарот на градот со Каменичка Река.
– Оваа улица која денеска ја пуштаме во употреба е дел од новиот инвестициски циклус во висина од над 1,8 милиони евра, што како Влада и Општина го реализираме во Македонска Каменица за нови капитални и инфраструктурни проекти за подобрување на условите за живот, како во централното градско подрачје, така и во населените места, рече премиерот Димитриев.
Најави изградба на културен дом, дневен центар за деца со посебни потреби, изградба на локалниот пат од село Саса до Мечкарска Маала, патните правци Дулица, Цера, Моштица и Саса, како и поголем број улици во централното градско подрачје.
– Дополнително на ова го започнавме и проектот за обнова на регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица – Делчево во должина од 31 километар, каде инвестираме шест милиони евра. Исклучително значаен патен правец за граѓаните на Македонска Каменица и останатите општини од овој регион кои согласно предвидената динамика очекуваме да биде целосно обновен за 18 месеци, рече Димитриев.
Тој потсети дека проектите што до сега се реализирани во овој град во источниот дел на Македонија се пример за тоа како со заеднички сили и напори на Владата и градоначалникот може да се решат проблемите на граѓаните, да се подобрат условите за живот и да се инвестира во поуспешна општина.
На пуштањето во употреба на улицата во центарот на Македонска Каменица се обрати и градоначалникот на овој град Дарко Митевски. Тој истакна дека тие како локални функционери одамна започнале со нивната револуција која со поддршка на Владата е инфраструктурна и економска. Потсети на проектите што се реализирани во градот како современ пазар, градска капела, современ градски плоштад, спортски игралишта, целосно нова секундарна водоводна мрежа, километри локални патишта и револуција во патната инфраструктура на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст