| четврток, 6 декември 2018 |

Жив изгоре издавачот на весникот „Акрополис“

Издавачот на грчкиот крајнодесничарски весник „Акрополис“, Панајотис Маврикос, под сè уште неразјаснети околности жив изгоре во својот автомобил.

rsjgdsfgsadfsadf

Инцидентот се случил на обиколница кај Атина, откако неговиот џип „порше кајен“, од непознати причини се запалил во движење, информираат електронските весници во Атина.

fotia-622x366

Издавачот е меѓу обвинетите во кривично-правниот случај „новинари рекетари“. Во февруари тој беше уапсен, но веднаш потоа и ослободен.

Властите тогаш информираа дека група новинари формирале криминална група и неколку години од повеќе државни службеници од јавните претпријатија со изнуда добивале пари за реклами.

Полицијата работи на сите верзии од инцидентот, а не ја исклучува и можноста за намерно палење или поставена бомба.

Личниот возач на издавалот, исто така, жив изгорел во џипот. Тој го запрел луксузното возило, но не успеал да го напушти.

Возилото било регистрирано на името на сопругата на издавачот.

Весникот потсетува дека во декември 2014 година на истиот автопат бил запален автомобил. Во експлозијата на возилото загинал возачот, кој бил со албанско потекло, а неговата пријателка била повредена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top