– Во моментов градиме над 145 километри само автопатски патишта, многу експресни патишта и работиме на 15 регионални патишта – изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, во своето синоќешно гостување во емисијата „Јади бурек“.
– Преку 145 километри во моментов градиме автопат или инвестиции преку 800 милиони евра, градиме многу експресни патишта, односно ги започнуваме. Прилеп – Градско го работиме, Велес – Кадрифаково го работиме, другите што ни се во постапка преку 300 милиони ќе бидат, и работиме 15 регионални патиша – рече Мисајловски.
Тој нагласи дека во овој период се работат овие патишта и се многу важни.
– Маврово – Дебар се работи патот, од Мелчнички Мост до Центар Жупа, Бошков Мост – Дебар, Мокрино – Смолари, се работи Дојран – Николиќ тој е при крај, Ресен – Буково се работи – рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст