ЈСП ќе истражува дали и колку се задоволни граѓаните од неговите услуги. Истражувањето ќе се врши преку телефонска анкета и преку тајни посети на билетарниците и автобусите на ЈСП. Во распишаниот оглас е појаснето дека телефонската анкета ќе се изведе на 1.000 испитаници.
„Се предвидува и истражување ‘Таен патник‘, односно тајни посети во билетарниците на ЈСП и тајни посети во автобусите на ЈСП ’Скопје‘ со цел да се испита квалитетот на услугата на продавачите на билети и контролорите во градскиот превоз. Истражувањето треба да биде спроведено во 27 билетарници по три тајни посети и 50 тајни посети во автобуси“, стои во распишаниот оглас за избор на агенција која ќе го врши истражувањето.
Тајниот патник ќе треба да даде оцена за чекањето во ред на билетарниците, првиот контакт со вработените, квалитетот на добиената услуга, завршниот контакт со вработените, првиот контакт со контролорите…
Избраната агенција ќе има обврска да го заврши истражувањето 45 работни дена од денот на потпишување на договорот со ЈСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст