Кривата кула во Пиза, всушност, е камбанарија на катедрала, а се смета за најпосетена атракција во овој италијански град.
Изградбата на кулата почнала во 12 век, но работите наскоро се прекинати бидејќи земјата под објектот почнала да понира.
Кулата е завршена во 1350 година, а до накривувањето дошло поради меката почва на која е изградена и лабавите темели. Вкупната височина на кулата е 56 метри, а откако е изградена секоја година се накривувала за еден милиметар.
Сепак, најтешкото време го преживеала во Втората светска војна, кога за малку ќе била урната. Имено сојузниците по влегувањето во градот добиле наредба да ги урнат сите згради, кои би можеле да бидат засолниште на германските снајпери.
Со оглед на високата температура, нападот врз кулата е одложен, а во меѓувреме Германците се повлекле, така што било сочувано ова дело на светската архитектура.
Кулата е затворена во 1990 година од безбедносни причини, а во деценијата што следувала траеше борбата за нејзино зачувување. Архитектите, конечно, успеале да ја „подигнат“ за 45 сантиметри, така што станала безбедна и повторно е отворена за посетителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст