– Врвен приоритет на македонската Влада се евроатлантските интеграции, а политиката на отворени врати на НАТО треба да продолжи, истакнал македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски вчера на средбата во Пентагон со заменик помошникот на секретарот за одбрана, Мајкл Карпентер, соопшти Министерството за одбрана.
Јолевски ги презентирал аргументите зошто Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО, истакнувајќи дека во областа на одбраната ги исполни сите критериуми и докажала оти е партнер од доверба подготвен да биде дел од НАТО.
На средбата се разговарало за одбранбените реформи, модернизацијата на АРМ согласно НАТО стандардите, учеството во мировни мисии на припадниците на АРМ, како и учеството на најголемата вежба Анаконда која се одржува во Полска.
– Министерот Јолевски информираше за започнување на процесот за изработка на новата стратегија за одбрана и стратегискиот преглед на одбраната, а се осврна и на регионалната соработка и конструктивната улога на Република Македонија во регионалните иницијативи, истакнувајќи дека РМ од септември ќе биде домаќин на Командата на Балканските медицински сили, а исто така информира за иницијативата на седиштето на Штабот на СЕЕБРИГ од идната година да биде во Македонија, се вели во соопштението.
Јолевски вчера во Вашингтон учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ на третиот панел посветен на „Иднината на проширувањето: Дали вратите на НАТО се уште се отворени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст