Ротвајлер е едно од најстарите раси кучиња, а се верува дека влече потекло од римските кучиња со кои се терале говедата.
Според некои записи оваа раса на римските легионери им служела како пес за работа, односно со нив се терале говедата.
Токму благодарение на задачаата да ги тераат говедата за римските војници ротвајлерот стигнал на подрачјето на Германија, во регијата Ротвел (Rottweil), по која подоцна го добиле и името.
Откако пропаднал пазарот за говеда оваа раса се повеќе изумирала, па во 1901 година останала забележана само една единка на подрачјето на Ротвел (Rottweila).
Сепак во последен момент расата била спасена-околу 1910 година поради нивната сила, издржливост и карактер почнале да се користат во војската и полицијата и наскоро биле признати за службени кучиња.
Мошне се верни и приврзани и во било која ситуација се подготвени да го одбранат својот сопственик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.