Се наближува Европското првенство во фудбал, а освен репрезентативците за овој спортски спектакл, наголемо се подготвуваат и нивните поубави половини.
И додека фудбалерите напорно тренираат, нивните жени и девојки посетуваат луксузни дестинации, престојуваат во хотели со 5 ѕвездички, се честат со скапа гардероба и одмараат покрај базени.
Викторија Варга
Девојката на италијанскиот фудбалер Грацијано Пеле овие денови на Инстаграм објави неколку фотографии во бикини од нејзиниот одмор на Дубаи.
Викторија е манекенка од Унгарија и има 24 години, а веќе четири години е во среќна врска со фудбалерот. На Инстаграм ја следат 14 илјади луѓе кои секојдневно имаат прилика да видат како се забавува Вики додека ги посетува светските метрополи, малку поради работа, малку поради задоволство.
Ан Катрин Бромел
Свршеницата на германскиот репрезентативец Марио Геце исто така е манекенка, специјализирана за позирање во долна облека.
Оваа атрактивна русокоса ја нарекуваат за најсекси жена на германски фудбалер.
Марина Луценко
Сопругата на полскиот голман Војчех Шчесни е украинска кантавторка, актерка и модел. Тие се венчале во јули 2015 година.
Марина претежно своето време го поминува во Италија, бидејќи нејзиниот сопруг моментално игра за Рома, но од време на време патува и во Лос Анџелес, кога нејзините манекенски ангажмани тоа ќе го побараат.
Едурне Гарсија Алмагро
Долгогодишната девојка на голманот на Манчестер Јунајтед и репрезентативецот на Шпанија, Давид Де Хеа има 27 години и во 2005 година победи на шпанската верзија од музичкото шоу „Икс Фактор“. Де Хеа е помлад од неа пет години, а во врска се веќе четири години.
Таа живее во Мадрид, но често патува поради манекенските ангажмани, но и за да навива за своето момче на Олд Трафорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.