| четврток, 6 декември 2018 |

ФХ3Х: Чувството да се биде на шпица на „Воркрафт“

Научно-фантастичниот филм „Воркрафт“, на чии ефекти работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х како соработник на најголемата и најстарата продукциска компанија „Industrial Light & Magic“, вечер премиерно ќе почне да се прикажува во Скопје.

Од ФХ3Х изјавија дека со нетрпение ја очекуваат вечерашната премиера, не само заради ефектите, туку и заради чувството да се видат на шпицата што е, нагласуваат, посебно значајно за тимот.

Во филмот, Орките, раса на гигантски борбени ѕверови, бегаат од нивната планета Дренор, која е на изумирање преку порталот во мирољубивото кралство Азерот со намера да ги истребат луѓето кои не го ни насетуваат нападот и да им ја колонизираат земјата. Меѓу Орките постојат војници, како Дуротан кој се сомнева во бруталниот начин на својот народ кој е предводен од поглаварот Блекхенд и маѓесникот Гулдан и верува дека компромис е возможен. Двајца херои на две спротивставени страни, пак, се предодредени да се сретнат и да ја одлучат судбината на нивните семејства, нивниот народ и нивните домови. Противничкиот табор, Андуин Лотар, витез кој е посветен на службата на кралот и кралицата, го дели истото мислење.

Проекцијата на филмот е од 20 часот во „Синеплекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top