По една година успешно е извршена трансплантација на бубрег од жив донатор на скопските клиники, а закажани се уште три до 1 јули, истакна денеска претседателот на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, Гоце Спасовски.
– Со сите здружени сили се враќаме полека на тие патеки, кои натаму ќе треба да го донесат оној пробив што го направивме на полето на трансплантацијата – рече Спасовски на прес-конференција по повод 5. Конгрес на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, кој почнува вечер во Македонската академија на науките и уметностите.
Претседателот на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Љубинко Трпеновски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Македонија има недостиг од нефролози, а тие што ги има се на Клиниката за нефрологија. Посочи дека во внатрешноста има само двајца нефролози од кои едниот работи во Центарот за дијализа, а другиот работи како интернист во Медицинскиот центар во Прилеп.
Појасни дека во периодот кога не се извршуваа трансплантации двајца пациенти заминале за трансплантација во Турција.
– Причините за застојот беа повеќе, една од нив е недоразбирањето меѓу тимот, Министерството за здравство, националниот координатор, колегите…Основна причина, според нас, беше планот на Министерството да отвори Центар за трансплантација и извонредност кој ветуваше дека ќе почне за два до три месеци. Помина година и пол и нема ништо од тој центар – рече Трпеновски и додаде дека затоа инсистирале да продолжи успешната приказна на Клиниката.
Момир Поленаковиќ, почесен претседател и основач на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, рече дека конгресот е еден придонес, дека успеале на гараѓаните да им обезбедат здравствена заштита од бубрежна болест.
– Имаме рана дијагноза и сите видови третман вклучувајќи и трансплантација. Превенцијата е многу важна и за неа ќе се дискутира на конгресот. Конгресот ќе даде придонес за науката, но и за конкретно лекување на пациенти. Трансплантацијата која ја почнавме во 1977 година, беше многу успешна минатата година, а се надевам и сега ќе продолжи, истакна Поленаковиќ.
Хорст Клинкман, поранешен претседател на Европската ренална асоцијација – Европската асоцијација за дијализа и трансплантација изрази задоволство што ќе учествува на конресот и посочи дека во последните 20 и повеќе години го следи развојот на нефрологијата.
На конгресот ќе има 264 учесници и 60 предавачи од 20 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст