Ништо не е поважно од здравјето. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита. Притоа трошоците не смеат да бидат пречка да си ја овозможиме врвната здравствена грижа што ја заслужуваме.
Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени услуги, со кое ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.
Затоа изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Триглав Осигурување, како лидер на осигурителниот пазар, континуирано работи на развој на осигурителната индустрија во земјата, како и на подобрување на постоечките и развој на нови производи, коишто се во согласност со потребите на клиентите и коишто ги следат трендовите и случувањата на локалниот, но и на пазарите во регионот.
Имајќи го во предвид сè поизразениот интерес за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, Триглав Осигурување воведе на пазарот производ во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување, во април минатата година. На почетокот на оваа година беше воведен уште еден производ во овој сегмент, осигурување на операции. Оваа година Триглав веќе ја обезбеди довербата од неколку стотици осигуреници на доброволното приватно здравствено осигурување, што е доказ за големиот интерес за овој вид на осигурување, како и потврда за високиот квалитет на производите, коишто компанијата ги развиваше во согласност со потребите и можностите на македонскиот пазар.
- Осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување, како самостоен производ, покрива трошоци до 10.000 евра за специјалистичко лекување, (прегледи, дијагностички анализи, едноставни амбулантни зафати), комплексни дијагностички постапки, хируршки зафати во дневна болница, амбулантна рехабилитација, како и лекови издадени на розев рецепт, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита. Годишната премија за ова осигурување зависи од возраста на осигуреникот и истата може да се плаќа на 12 месечни рати.
- Осигурување на операции е комплементарен производ, поврзан со осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување и покрива трошоци до 5.000 евра. Осигурувањето операции овозможува покритие на севкупните трошоците за оперативни зафати, коишто се дел од листата на операции опфатени со овој вид на осигурување, вклучувајќи хоспитализација и подготовка за операција, интервенција, како и престој во болницата по самиот зафат. Годишната премија зависи од возраста на осигуреникот, и може да се плаќа на еднакви месечни рати. За осигурување на семејства Триглав обезбедува поволности и попусти, кои што зависат од бројот на членови кои ќе бидат осигурени.
-Досега, доброволното приватно здравствено осигурување се користи најчесто за здравствени услуги во доменот на дијагностиката, специјалистичко-консултативни прегледи како и оперативни зафати.
Овој осигурителен сегмент е сеуште нов, а осигурениците немаат доволно познавања и информации за тоа што добиваат во рамките и на задолжителното и на доброволното здравствено осигурување. Токму поради тоа во нашиот фокус е информирање и едукација на јавноста за тоа што пред сѐ претставува доброволното здравствено осигурување и кои предности ги нуди – велат од Триглав Осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст