Една Пакистанка ја запалила и убила својата 18-годишна ќерка затоа што се омажила за момче што не било избрано и одобрено од семејството.
Инцидентот се случил во градот Лахоре во северен Пакистан и тоа е трет ваков случај за само еден месец во оваа муслиманска земјата, каде што нашироко е распространета практиката за насилство врз жените, доколку решат да им се спротивстават на строгите конзервативни правила за љубовта и за бракот.
Полицијата ја уапсила мајката-убиец, но истрагата и натаму не може да утврди дали несреќната млада жена била сè уште жива кога било запалено нејзиното тело.
Претставник на локалната полиција само објасни дека се најдени траги од тортура на телото, уште пред жената да биде полеана со бензин и запалена.
Зенат Рафик се омажила за својот избраник Хасан Кан пред една недела и по сведбата се преселила да живее кај родителите на сопругот.
Минатата недела, една млада учителка од мало место близу до главниот град Исламабад беше запалена и убиена затоа што одбила да се омажи за човек што бил избран од нејзиното семејство, а пред еден месец, совет на старци во едно пакистанско село нареди да се запали една тинејџерка затоа што ѝ помогнала на својата другарка да побегне со својот избраник.
Околу 1.100 Пакистанки биле убиени минатата година од страна на нивни роднини поради „одбрана на честа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст