Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води случајот „Еразмус“, има докази дека професорите зеле 2.800 евра. Оваа сума не е конечна бидејќи постојат сомненија и за други случаи, но засега таа сума е потврдена со докази.
Според Обвинителството, доаѓале студенти што пријавувале дека професори им барале пари, но овие тврдења, исто така ,сè уште не се докажани. Ова беше соопштено на вчерашната прес-конференција на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
– Обвинителството ги разгледува и студентските досиеја и индекси добиени при претресот на неколку кабинети на УKИМ и бифето. Досега е евидентиран поткуп од 2.800 евра. Доказите во овој предмет ве уверувам дека се цврсти и многу ми е жал што законот не ми дава можност да ги соопштам. Сите докази што се потребни се обезбедени – рече обвинителката Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, пренесе „Дневник“.
Според обвинителката, делата со барање сексуални услуги биле документирани преку лица со прикриен идентитет.
-За двајца од осомничените професори од Економскиот факултет постојат докази дека барале сексуални услуги, но засега тоа се сомненија. Ние имаме докази, но сферата што се штити во овој случај е индивидуалната полова слобода и определеност. Токму од тие причини бараме поголемо внимание додека не се докаже во судска постапка ова да не биде експлоатирано во јавноста – рече обвинителката Раичевиќ, пренесе весникот.
Осомничените биле следени две години со посебни истражни мерки, а некои од сведоците се и студенти. Kритичниот ден кога полицијата ја спроведе акцијата е откако Обвинителството за организиран криминал и корупција добило сигурна дојава дека ќе се случи примопредавање на поткуп.
– Акцијата на УKИМ во присуство на силно полициско обезбедување беше извршена точно 6 минути по извршеното дејство, односно кога еден од осомничените примил мито од 1.000 евра -обележани пари, на паркингот зад Правниот факултет – рече обвинителката Раичевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст