Воспоставеното партнерство меѓу Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со „Мајкрософт Македонија“ и TДK компјутери почна со реализација на „Мајкрософт шоукејс класрум“ (Microsoft Showcase Classroom).
Станува збор за пилот-проект„Proof of Concept“ , кој има за цел да го прикаже начинот на кој во реална образовна средина (училница) функционираат производите, алатките и платформите на „Мајкрософт“, специјално создадени и наменети за користење во образовниот систем во Република Македонија. Целта на проектот е трансформација и модернизација на нашето образование во една попродуктивна, иновативна, креативна и организирана средина.
Проектот стартуваше со доделување на „Виндоус“ таблети потребни за изградба на пилот-училници и имплементирање на потребната техничка и софтверска инфраструктура во две училишта, Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во Скопје и Медицинското средно училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
Главната цел на проектот е модернизирање и олеснување на образовниот и наставниот процес во сите насоки (директор-наставници, наставници – ученици, ученици – ученици, вклучувајќи ги и родителите). Притоа училишната институција ќе се претвори во уште поорганизирана и покреативна средина за учење и соработка, а ќе се зголеми интересот и ангажираноста од страна на учениците во наставниот процес и самостојната работа, поголем развој на нивниот целосен потенцијал преку учење со користење на информатичко-комуникациските технологии.
– Нашата заедничка цел преку овој проект е да покажеме и докажеме дека употребата на технологија во наставата го олеснува процесот на учењето, ја подобрува наставата и кај учениците се стекнуваат современи и дигитални вештини. Нашата долгорочна цел е да училиштата се трансформираат во уште повеќе организирана и креативна околина за учење и соработка. А кај учениците да се се зголеми интересот и вклучувањето во процесот на учење, да работат самостојно, и поголем развој на нивниот потенцијал. Опсегот на овие програми и технологии спроведени во нашето образование исто така ќе овозможи остварување на нашата визија кон трансформација и модернизација на нашето образование – изјави министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу.
Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски изјави дека ова е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија. Во тек се неколку проекти што имаат крајна цел да извршат трансформација и модернизација на нашето образование.
– Минатата година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и технолошкиот лидер „Мајкрософт“. Воведувањето на пилот-проектот „Мајкрософт шоукејс класрум“ , всушност претставува конкретен проект кој што произлегува како резултат на нашите заеднички напори и партнерството – рече Муцунски.
„Мајкрософт“ во партнерство со локалната компанија TДK Компјутери донира околу 60 моќни моќни таблети за стартување на „Мајкрософт шоукејс класрум“ и ќе организира серија настани во обем на обуки, демонстрации и други презентации кои што ќе прикажат како платформите и технологиите на „Мајкрософт“ овозможуваат настава и учење од 21 век, искуство од учење за сите во секое време – на секое место.
– На наставниците да има покажеме и демонстрираме како технологијата се користи во наставата и за да откријат што истата може да направи во училницата, како на пример, со алатката „Мајкрософт уан ноут клас нотбук“ како да создадат динамични предавања во соработка и комуникација со учениците. Нашата цел е да им покажеме на наставниците како учениците можат да бидат инспирирани да постигнат повеќе, да учат и да се развиваат. Додека со пилот „Офис 365“ во двете училници нудиме платформа која овозоможува сеопфатна сценарија за комуникација и соработка за училишната администрација, наставниците, учениците и родителите – вели Љупчо Георгиев, генерален менаџер на „Мајкрософт Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст