Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 9 јуни 2016 година, ќе читате:
Корупциски скандал на УКИМ
Секс и пари за шестка во индекс!
Акцијата ја извади на виделина корупцијата во високообразовните институции. Тоа што со години се говори дека во високото образование постои поткуп, оценки без знаења, па и разврат, мобинг, уцени, акцијата „Еразмус“ го покажа на Економскиот факултет, но тоа не значи дека таа практика ја нема и на други високообразовни единици.
Иако за тоа се говори со години и научната фела е декларативно против таквите дејства, евидентно по акцијата изостана нивната реакција. Нема реакција од професорите, нема реакција од помладите колеги, нема реакција од студентите. Ги нема ниту оние, најгласните што се противеа на реформите во високото образование, обединети под именителот „Професорски пленум“, ниту оние од „Студентскиот пленум“, од кои дел се претопи во актуелните улични бојосувачи откако се покажа нивната политичка заднина.
Нови уцени за криза без крај
За Заев и хулиганите нема закони
Сè уште верувам дека во случај судот да реши да заседава по оваа иницијатива ќе донесе одлука во согласност со Уставот и со законите, а не врз основа на желбите на Заев и на „револуционерите“. Во случај, пак, и овој пат да бидат принудени да го погазат Уставот, спроведувањето на правдата во државата ќе мора да добие сосема поинаков тек. Тогаш државата ќе мора да му овозможи на секој друг граѓанин (кој не е член на СДСМ и не е „шарен“) да има право да врши насилство и да предизвикува штета врз објекти и институции кон кои чувствува револт и да не одговара за тоа.
Звучи налудничаво, но сосема оправдано имајќи на ум какви сѐ не желби му беа исполнети на Заев и од каков криминал се извлекувал од одговорност. Ако може Заев и шарените, може секој граѓанин во државата. Затоа што сите сме исти пред законите.
„Револуцијата“ на крстопат
Заев се исплаши, чадорите на „шарените“ спремни за на плажа
Лани, ефектот на и така петардоидните „бомби“ целосно се загуби со доаѓањето на летото и на одморите, а шарената бурлескна револуција влезе во истиот период. Сосема разбирливо е што Заев и СДСМ ставија во петта брзина и наметнаа рок од само 11 дена за исполнување ред конфузни услови. Западниот чадор ги штити, но вистинските чадори за сонце ги плашат. И Брисел ги дотепа. Сакаа да му „угодат“ на „чадорот“ со радикализација на протести пред Советот на ЕУ, а тој се одложи од предвидениот 20 јуни поради британскиот Брекзит. Статива до статива,а во партијата гласно одекнува „тик-так, тик-так“, но не како најава за „бомба“…
Кој е нестабилен, Заев или Македонија?
Опозицијата со грчки позиции за името
Неделава зад нас слушнавме две позиции за најтешкото македонско надворешно и внатрешно политичко прашање поради кое земјава веќе со години е во предворјето на Европската унија, засега без шанси да седне на масата како рамноправен партнер. За разлика од изјавата на лидерот на СДСМ, кој во свој стил, со многу контроверзии и нелогичности директно говори за потребата од промената на името, германската канцеларка Меркел индиректно ни опиша што им се случува на тие што не се дел од европската елита кога треба да ги остварат своите права. И двете позиции не даваат надеж дека Македонија може наскоро да се надева на позитивен развој на настаните и на реален разумен компромис за името и за отворање на евроатланските патишта
Брима Галуп
ВМРО ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ
Резултатите од истражувањето покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски имаат повеќе од двојно поголема предност кај Македонците во однос на СДСМ и на Зоран Заев.
На прашањето Која партија е поблиска до вашите ставови и лични убедувања? 38,8 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ, а 18,7 проценти рекле СДСМ. На прашањето, пак, Во кој политичар во Македонија имате најголема доверба? 30,8 проценти од анкетираните Македонци се изјасниле за Никола Груевски, а 12,1 проценти за Зоран Заев.
Од одговорите на граѓаните, исто така, може да се заклучи дека огромно мнозинство Македонци верува дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би ја управувала државата и дека има капацитет да обезбеди подобра иднина за Македонија. Па така на прашањето Со која политичка партија и нејзината програма има подобра иднина за Македонија? 39,8 проценти од анкетираните дале поддршка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а 17,8 проценти на СДСМ. На прашањето, пак, Кој подобро би ја управувал државата? за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 41,5 процент, а за СДСМ 17,5 проценти.
Слично е расположението и во врска со довербата во исполнување на ветувањата на партиите, како и за грижата за личните потреби на граѓаните, па така на прашањето Кој се грижи повеќе за вашите барања и лични потреби, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ? 38 проценти од анкетираните одговориле во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а 15,1 проценти за СДСМ. На прашањето, пак, На чиј збор и ветување повеќе верувате? 40 проценти од испитаниците изразиле доверба во ВМРО ДПМНЕ, а 18,4 проценти во СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст