| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на младата охриѓанка што излета од патот

Вчера во 18.50 часот во Охрид, во близина на Хидробиолошки завод, кај „Билјанини извори“, М.П. (27) од Охрид, управувајќи со „шкода фаворит“ со охридски регистарски ознаки, загубила контрола над возилото и удрила прво во ивичникот од левата страна, по што се излизгала од коловозот и удрила во патоказ и во дрво.

Медицинска помош ѝ е укажана во Клиничка болница во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, М.П. е пренесена во Клинички центар во Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top