Млада охриѓанка е тешко повредена во сообраќајната несреќа што се случила вчера во 18 часот и 50 минути на регионалниот пат Св. Наум – Охрид кај Хидробиолошки завод, од правец на Пештани кон Охрид.
Дваесет и седумгодишната девојка загубила контрола над автомобилот „шкода фелиција“ и со левиот дел од автомобилот удрила во рабник на левата страна, по што возилото се занесло преку коловозот и излетало надвор од коловозната лента удирајќи во патоказ и во дрво.
Повредената, со тешки телесни повреди, повеќе фрактури и повреда на внатрешни органи, со возило на брза помош била пренесена во медицинскиот центар Охрид оддел за хирургија каде и била укажана неопходна медицинска помош. Оттука, поради сериозноста на повредите е пренесена на клиниките во Скопје на натамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст