| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден грабеж во Бугарија – 900 илјади евра украдени од пошта

mb101310_02-500x344

Во јужниот бугарски град Хасково вчера беше извршена кражба во централната пошта и беа одземени 900.000 евра. Парите биле наменети за исплата на пензии, а сумата била осигурaна, па поради тоа пензионерите нема да бидат оштетени.

Крадците ги отвориле сите три метални каси со помош на најразлични алати, а за да ги прикријат доказите, на подот расфрлале прамени коса кои најверојатно ги земале од некој фризерски салон, соопшти бугарската полиција.

Вчерашниот грабеж е рекорден во историјата на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top