Ракометната федерација на Македонија денеска точно напладне почнува со продажбата на влезниците за бараж-натпреварот за СП 2017 што македонската репрезентација ќе го игра против Чешка.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 јуни 2016 година со почеток од 20 часот.
Влезниците ќе може да се набават во сите продажни места на „МК Тикетс“ по цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).
Овој дуел ќе претставува реванш од бараж-двомечот откако првата средба ќе се одигра во Злин на 11 јуни, а победникот ќе обезбеди учество на Светското првенство во Франција следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст