| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската економија годинава со најголем раст во регионот – прогнозира Светска банка

sb
Светска банка во најновата прогноза за растот на економија предвидува дека Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7 отсто.
Во наредните две години прогнозата за растот на македонската економија е четири отсто.

Како ризици во извештајот се наведени политичката несигурност и емигрантската криза.

Во земјите од регионот, СБ годинава предвудва раст на економијата на Албанија од 3,2 проценти, на БиХ 2,6 отсто, Бугарија 2,2 отсто, Хрватска 1,9 отсто, Косово 3,6 и на Србија 1,8 отсто.

За наредната година растот на БДП во Албанија е 3,5 отсто, БиХ 3,1 отсто, Бугарија 2,7 отсто, Хрватска 2 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 3,1 отсто и Србија 2,3 отсто.

Светска банка во извештајот ја намали прогнозата за растот на светската економија. Развиените економии се опоравуваат побавно од очекуваното, а ниските цени на суровитените им пречат на другите земји.

Според Светска банка, светската економија ќе забележи раст од 2,4 отсто оваа година – исто како и минатата година. Во јануари прогнозите беа за 2,9 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top