| четврток, 6 декември 2018 |

Голман суспендиран зашто потсетува на Сунѓерот Боб

sunger bob
Фудбалскиот сојуз на Иран го суспендира голманот Сош Макани на шест месеци поради „серија прекршоци“, пренесува агенцијата Исна.

Како што се наведува во соопштението, некогашниот голман на Персеполис е казнет, затоа што носел жолти панталони кои потсетуваат на Сунѓерот Боб. Фотографијата на насмеаниот Макани во жолти панталони кружеше по интернетот, поради што Макани беше мета на јавноста.

Спортистите и јавните личности во Иран се постојано под лупа што облекуваат, кога и каде. Тврдите линии во земјата сројат на ставот дека западната култура е корумпирана и антиисламска, па оттука славните нема зошто да ја следат.

Макани ќе има право на жалба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top