Ја паметиме по улогите во „Династија“ и „Мелроуз Плејс“ кои ја вивнаа во ѕвездите, но и донесоа и бројни животни проблеми.
Хедер Локлир на публиката и е позната најмногу по улогата на Аманда во серијата „Мелроуз плејс“ (Melrose Place) за која четири пати по ред беше номинирана во категоријата најдобра актерка за „Златен глобус“. Но, актерката стана икона за убавина кога во серијата „Династија“ ја толкуваше улогата на Семи Џо. Ккрингтон.
Токму оваа серија која ги одбележа 80-тите години од минатиот век Хедер ја вивна во ѕвездите. Покрај ове улоги таа водеше прилично турбулентен љубовен живот. Во 1986 година се омажи за Томи Ли, а во 1993 година се разведе од него. Само една година подоцна повторно се омажи за гитаристот Ричи Самбора.
Двојката ја доби ќерката Ава, но ниту тој брак не издржа. Хедер поднесе барање за развод во 2006 година, а една година подоцна објави дека е во врска со Џек Вагнер, колега од серијата „Мелроуз Плејс“.
Веројатно под притисок на славата во 2008 година полицијата ја уапси актерката која возела под дејство на опијати, за на крајот да се испостави дека станува збор за таблети за лечење од депресија и анксиозност.
Истата година, само неколку месеци порано полицијата примила повик од анонимна личност која тврдела дека актерката се обидела да се самоубие. Интервенирала брза помош а нејзиниот портпарол повикот го окарактеризирал како лажен. Но, истата година актерката се пријавила во клиника за лечење од анксиозност и депресија, а таа информација нејзиниот агент тогаш ја потврди. Еден месец била на лекување.
Главна тема на сите медиуми беше во 2012 година откако заврши во болница поради конзумирање на таблети и алкохол, но по лекаркста интервенција е утврдено дека е вон животна опасност. последните улоги ги имаше во серијата “Hot in Cleveland” и “Franklin & Bash” во 2013 година, и во филмот “Mrak film 5”.
И покрај сите неволји, Хедер и денес го привлекува вниманието и плени со својот изглед, а како што пишуваат странските медиуми за тоа се заслужни бројните пластични операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.