| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајк на здравствените, просветните и други работници во Грција

Вработените во државните болници и наставниците во Грција денеска стапија во еднодневен штрајк, барајќи исплата на заостанатите плати.

Вработените во државните болници и наставниците во Грција денеска стапија во еднодневен штрајк, барајќи исплата на заостанатите плати и поради недостиг на персонал како последица на владината политика.

Во болниците останал само персонал за итни случаи, додека лекарите, медицинските сестри и болничарите ги напуштиле работните места.

Во главните пристаништа Пиреја и Солун работниците протестирале поради приватизацијата која ја бараат меѓународните кредитори.

Четири часовен прекин имаше и метрото во Атина, не сообраќаа ниту трамваите, а штрајкуваа и железничките работници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top