Меѓу тинејџерите во Србија популарна е секс играта во која учествуваат по пет момчиња и пет девојчиња, а се вика „полнета кокошка“, јавуваат денеска белградските медиуми.
Играта случајно ја откриле родителите на едно девојче од 13 години, кога таа забременила и не знаела да каже кој е таткото на детето.
Нејзиниот татко открил дека во Србија меѓу тинејџерите е популарна секс игра во која учествуваат се поголем број деца.
По деталниот разговор со девојчето, таткото и гинекологот дошле до сознание за страшната игра која е популарна во Србија.
– Ќерката се жалеше на болки во стомакот. Отиде на лекар, се испостави дека е бремена, така што беше упатена на гинеколошки преглед. Кога ја прашавме како тоа се случило и кој е татко на детето, таа смао одмавнуваше со главата, изјави загрижениот татко и додаде дека неговата ќерка на крајот признала дека меѓу врсниците постои една мошне актуелна игра, во која учествувала и таа.
Т.н. „полнета кокошка“ е „игра“ во која учествуваат пет момчиња и пет девојчиња. Тие се состануваат во станот на некој од нив, најчесто кај оној чии родители не се дома цела ноќ. Девојчето, кое ќе биде избрано треба да ги задоволи сите пет момчиња, а доколку не успее, тогаш мора да „плати казна“ – да биде нивна жртва, со која сите тие ќе имаат сексуални односи еден по друг.
– Јас сум во шок. Таа не знае кој е таткото на детето, бидејќи сите момчиња имале секс со неа. Наводно тинјџерите пикираат празен стан, па кога ќе си заминат нечии родители се собираат и ја играат оваа страшна игра, која мора да се спречи, изјави загрижениот татко, кој не знае што да прави и кому да се обрати.
Социологот Ратко Божовиќ изјави дека семејството е во целосен шок и оти станува збор за нормално семејство.
– Децата денеска се поразвратни од кога и да е. Се им е достапно, бидејќи родителите работат нон-стоп. Ова е дефинитивно општество во кое владее хаос, беззаконие, неморал. Луѓето се учат на безобразие, а преку реалните шоуа се поттикнуваат насилството, сексот, се живее само денес и не се размислува за утре. Она што не смее да се занемари е дека во Србија има многу неписмени, рече Божовиќ и додаде дека повеќе нема здраво растење.
Психологот Алекандар Шибул смета дека овој проблем зел големи размери поради влијанието на групата и ниското ниво на самопочитување.
– Децата не се емоцинално исполнети. Семејствата не им даваат добар пример, сакаат да се докажат и мислат дека доколку се согласат на се што од нив го бараат врсниците тогаш ќе бидат прифатени. Меѓу децата владее голема несигурност, а поради неа доаѓа до вакви и слични проблеми, додаде Шибул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст