Извозот на македонскиот домат и краставица во овој период од годината е за 20 проценти повисок од истиот период лани, соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски по денешната работна посета на општина Василево.
Трипуновски се сретна со земјоделците од регионот и ги информира дека се изготвени измените во Законот за земјодество и рурален развој со кој ќе се воведе неделна откупна цена.
– Министерството за земјоделство подготви измени во Законот за земјоделство и рурален развој кој е во владина процедура и доколку биде изгласан од Собранието, неделната цена ќе биде еден од условите за откуп на земјоделските производи. Тоа е едно од предложените барања кои градинарите ги изнесоа пред нас на минатонеделната средба на која присуствуваше и министерот за земјоделство. Ова ќе биде можност фармерите да знаат однапред по која цена може да го продадат својот род, појасни Трипуновски.
Земјоделците сметаат дека воведувањето неделна откупна цена ќе стави ред во овој процес.
– Одамна реагиравме дека се случуваше земјоделецот да ја купи амбалажата по 20 денари, а потоа да го предаде родот по 15 денари. Мислам дека ќе биде од голема корист воведувањето на неделната цена и за производителите и за трговците зашто ќе се стави ред во откупната политика на градинарските производи, изјави Ванчо Митев од земјоделското здружение „Еко- градинар“ од Добрејци.
Директорот на инспекторатот посочи дека имаат доволно тимови за следење на откупот на терен. – Сакам да ги потсетам земјоделците за бесплатната телефонска линија 0800-11-000 на која може навреме да алармираат при самиот откуп. Кадровски сме доволно екипирани и распоредени во тимови и го следиме откупот. Нема голем број пријави, но нашите инспектори постојано се на терен. Пред некое време имаше застој на откупот, поради ниските цени, но денес ме информираа дека овие две култури се продаваат по цена од 25-30 денари по килограм, соопшти Трипуноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст