| четврток, 6 декември 2018 |

Владејачката партија блиска до глaсачите: Ставовите на граѓаните се ставови и на ВМРО-ДПМНЕ

sobir-vmro1-500

Поголем дел од населението има ставови и лични убедувања кои се поблиски до ставовите и политиките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а ставовите на речиси двојно помал дел од населението се поблиски до оние на СДСМ, покажуваат резултатите на анкетата на „Брима галуп“, спорведена на барање на „Република“, во периодот од 5 до 12 мај.

Тргнувајќи од фактот што македонските гласачи на избори во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето, генерално, е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии.

1-chart-77

На прашањето која партија е поблиска на вашите ставови и лични убедувања без разлика дали би гласале или не, 38,8 поценти од македонското гласачко тело има поблиски ставови со владејачката партија. Речиси двојно помалку, или 18,7%, ако излезат на избори, на своето гласачко ливче ќе го заокружат редниот број резервиран за најголемата опозициска партија.

ps1-chart77b

2-chart-77b-520x408

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top