| четврток, 6 декември 2018 |

Во возило кај Струмица откриени 17 емигранти од Сирија

migranti

Полициски службеници вчера во 23 часот при контрола на патничко моторно возило „рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки на местото познато како Свидовичка раскрсница во близина на Струмица откриле 17 емигранти од Сирија, од кои седум деца.

Како што информира МВР, полицијаците стопирале две патнички моторни возила, „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (32) од Скопје и „рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. (34) од Скопје. Од извршената контрола и преглед во возилата во возилото „рено еспејс“ биле пронајдени 17 лица емигранти од Сирија, од кои 10 возрасни и седум деца. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР­ Струмица. По наредба на јавен обвинител во 4.45 часот И.М. е предаден на Полициската станица за општа надлежност Струмица за понатамошна постапка, додека А.Б. е ослободен. Емигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top