| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот претседател Милош Земан доаѓа во Македонија

Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, соопштија од неговиот Кабинет. Земан, со неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов меѓу другите теми ќе разговараат и за миграциската криза.

milos_zeman

За време на најголемата криза со бегалците, Чешка во Македонија испрати парична помош и неколку десетици полицајци кои беа вклучени во постапката за регистрација на мигрантите на грчко-македонската граница.

По средбата, според соопштението од Кабинетот на шефот на чешката држава, Земан ќе добие државно одликување од претседателот Иванов.

Чешкиот претседатек Земан в петок, пред заминување ќе учествува на Чешко-македонскиот економски форум и ќе го посети манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top