Бугарија е на 6. место меѓу земјите од Европската Унија по раст на економијата во првото тримесечје споредено со истиот период лани. Зголемувањето на бугарскиот БДП е за 2,9 отсто, стои во податоците на европската статистичка агенција Евростат. Во однос на крајот на 2015 г. пак, растот на економијата 0,7 отсто, исто колку што е и на Германија. За периодот јануари март БДП е 18.514.000.000 левови, односно 2589 лева по глава на жител.
Националниот статистички институт го потврди и растот на потрошувачката во првото тримесечје. Според последните податоци крајната потрошувачката се зголемила за 0,4 отсто на тримесечна основа, и за 2,1 отсто на годишно ниво. Најголем удел во растот на потрошувачката имаат индивидуалните трошоци, кои се за 3,7 отсто поголеми во однос на првото тримесечје на 2015 г.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.