| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн ги затвори вратите на Реал Мадрид

rumenige-office

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге му порача на раководството на Реал Мадрид дека Роберт Левандовски и Давид Алаба не се за продажба.

Плановите од „кралскиот“ клуб беа летово да ги доведат двете „бомби“ од Баерн, но од Минхен одбија било какви преговори.

„Ја затворивме таа врата. Ниту еден фудбалер од Баерн нема да си оди, освен ако клубот не смета повеќе на нечиј услуги. Имаме добар однос со Реал, како и со Барса, но како што во 2008 година одбивме да им го продадеме Рибери, ниту овој пат нема да ги промениме своите ставови“, истакна Румениге.

Левандовски има договор со Баерн до 2019, додека Алаба неодамна го продолжи до 2021 година.

alaba-lewandowski-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top