Македонската православна црква денеска го празнува Третото наоѓање на главата на свети Јован Крстител. За овој ден, 7 јуни, се верува дека Сонцето се движи назад од север кон југ, трипати заигрува и застанува, пишува порталот „Кукурику“.
Овој ден, исто така, е познат и како Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител. Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Се верува дека небото на полноќ се отвора трипати, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а тој што ќе ја дочека буден ќе посака три желби, тие ќе му бидат исполнети. Во оваа ноќ може да се открие и закопаното богатство. Во народната песна, во која се зборува за нешто што не може да биде, и во која се фрла проклетство на девојка да не се омажи, девојката на која е фрлена клетвата на овој ден треба да се помоли во црква или во манастир на свети Јован, да запали свеќа и да остави скромен прилог на храмот. Клетвата ќе биде отстранета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е ден на клетви и заклетви – внимавајте што правите и мислите, ќе ги стигне децата, внуците, правнуците
-
Еве како да се заштитите во случај да ви фрлиле црна магија, уроци и клетви!
-
Овие знаци покажуваат дека некој ве проколнал
-
Манастирот во Калишта исцелува од болести и ги дарува оние кои не можат да имаат деца