| четврток, 6 декември 2018 |

Протестирам: Кризата мора да заврши пред Европското во фудбал

UEFA-Euro-2016-France

Членовите на иницијативата „Протестирам“ денес ги доставија своите предлог-решенија за кризата до владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и ултиматумите за спроведување на истите.

Според нив решение за кризата во Македонија е прифаќање на сите нивни барања и тоа итно, токму поради почетокот на Европското првенство во фудбал кое по барање на ВМРО и за инат на шарените револуционери закажува натпревари во 18 часот, времето кое беше резервирано за протестите кои започнуваа пред СЈО.

„Понатаму бараме ВМРО-ДПМНЕ под итно да престане да го воведува денот недела во седмицата за да мораме да одмораме од протестите. Крајно дрско е и што режимот на ВМРО-ДПМНЕ се вмеша и во климата на планетата земја, па го натера летото да дојде веднаш после пролетта за да мора да одиме на летни одмори и револуцијата да замре“, велат од „Протестирам“.

За нив посебно безобразен гест е и Олимпијадата која ВМРО-ДПМНЕ ја организира во Рио де Жанеиро.
„Попусто ја организира ВМРО олимпијадата во Бразил, знаеме кој е вистинскиот организатор и зошто – само за да гледаат граѓаните разни спортови на ТВ и да не може да се посветат на револуционерното боење на фасади“, додаваат револуционерите.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top