| четврток, 6 декември 2018 |

Овој фудбалер е мета на Исламската држава на Европското првенство

kristijano ronaldo

Имајќи предвид дека Кристијано Роналдо ќе биде најголемата ѕвезда на Европското првенство во фудбал, кое започнува в петок во Франција, португалскиот селектор е повеќе од сигурен дека тој ќе биде мета на Исламската држава. Популарноста ќе го направи магнет за можен терористички напад, убеден е селкторот Фернандо Сантош.

Терористичките закани пред првенството ги подигнаа безбедносните мерки на највисоко ниво. Најгласна во заканите е ИД, но Франција сѐ уште живо се сеќава и на нападите во Париз, на сатиричкиот весник „Шарли ебдо“ и на концертот во салата „Батлекан“.

Ограничено дружење со обожавателите

Поради присуството на Кристијано Роналдо, португалската репрезентација е една од оние кои се изложени на голем ризик. Подготвени сме за тоа, вели Сантош, пренесува espnfc.com, и додава дека главната грижа за тоа, сепак, ќе ја понесат организаторите.

Нашта безбедност е должност на француските безбедносни служби, а обожавателите ќе мора да сфатат дека во одредени моменти нема да можеме да ги пуштиме играчите за да бидат со нив, да разговараат, да се фотографираат.

Португалија го започнува првенството во групата Ф, во која се и репрезентациите на Исланд (14 јуни), Австрија (18 јуни) и на Унгарија (22 јуни).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top