Богатата кариера на Тереза Кесовија полека влегува во финале. Во интервју за РТЛ таа открива дека ќе ја прекине музичката кариера поради здравствени проблеми. Кесовија е на сцената 55 години.
Хрватската музичка икона зачекори во осмата деценија од животот, а со годините ѝ се појавиле и здравствени проблеми. Таа има проблем со слухот.
Сепак, пред да го обеси микрофонот на клинец, ќе одработи турнеја во Хрватска, на која ќе го претстави албумот со кој ќе се раздели од публиката „Очи на душата“.
-Нема да се разделувам од никого. Тоа е тажно, а јас не сум тажен човек, вели таа во интервујото за РТЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст