| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е новата Мис САД (ФОТО)

Мис Вашингтон стана новата Мис САД. Таа ја освои посакуваната титула и ја доби честа да ги претставува Соединетите Американски Држави на натпреварот за убавина Мис Универзум.

mis-sad (1)

26-годишната Дешана Барбер беше крунисана од минатогодишната победничка Оливија Џордан.

Како офицер во армијата на САД, Дешана одушеви со силна изјава за учеството на жените во војна.

–Како жена во армијата на САД, сметам дека ние сме исто толку силни колку и мажите. Како командант на мојата единица, јас сум моќна и посветена. Полот не нè ограничува нас во САД, изјави Барбер.

Таа е првото воено лице кое има победено на големиот натпревар за убавина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top