| четврток, 6 декември 2018 |

Припадници на АРМ учествуваат во меѓународната вежба „Анаконда 2016“

Припадници од неколку единици на Армијата на Република Македонија заедно со армиите од 23 земји од НАТО и Партнерството за мир (ПЗМ) од денес ги започнуваат активностите на меѓународната вежба „Анаконда-16“.

arm-vezba-anakonda-768x432

Меѓународната вежба „Анаконда-16“ е меѓу најголемите вежби организирани во Европа во последните неколку децении, со учество на 31.000 војници од сите видови и родови на Армиите на земјите од НАТО и ПЗМ.

Армијата на Република Македонија учествуваат со 157 припадници во состав од пешадиска чета, вод на воена полиција, припадници од полкот за специјални операции и штабен персонал.

arm-vezba-anakonda1-768x432

– Интероперабилноста, соработката меѓу земјите членки на НАТО и ПЗМ, како и градење на меѓусебна доверба за заедничко учество во меѓународни здружени операции е една од главните цели на изведување на оваа вежба во организација на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа и Вооружените Сили на Република Полска. Со учеството на оваа голема здружена вежба АРМ како и досега покажува дека е оспособена за спроведување на НАТО стандардите и оперативните процедури и рамноправно да учествува во секаков вид на сложени вежби и операции за поддршка на мирот и безбедноста заедно со партнерските земји членки на НАТО, се вели во соопштението од АРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top