Судскиот совет во Основниот суд во Тетово денеска ги прогласи за виновни сите петмина обвиниети за физичката и вооружената пресметка помеѓу две семејства блиски роднини што во мај минатата година се случи во планинското село Мерово.
Во вооружената пресметка на 7. мај минатата годнина предизвикана од нерешени имотни прашања помеѓу двете блиски семејства од Мерово загинаа две лица, а тројца беа тешко повредени.
Доживотна казна затвор доби Шабан Авдија (30), како виновен за двојно убиство на неговите братучеди, двајцата браќа Блерим Авдија (25) и Бесник Авдија (24).
Самир Авдија (27) е осуден на седум години затвор, а Фаик Авдија (25) на пет години затвор, за убиство во обид на нивниот чичко и татко на убиените Блерим и Бесник, Меди Авдија (53). Четвртиот брат Фесал Авдија (33) доби три годишна затворска казна за недозволено држење на оружје, додека Меди Авдија беше прогласен за виновен за нансеување на тешка телесна повреда на Фесал за што доби затворска казна во траење од една и пол година.
Фесал и Меди до правосилноста на пресудата се пуштени од притвор и ќе се бранат од слобода додека останатите тројца остануваат во притвор.
Бранителот на Меди Авдија, адвокатот Емил Недков, најави жалба поради досудената казна која според него не е поткрепена со докази.
– Задоволни сме што мојот клиент е ослободен од притвор и ќе се брани од слобода до правосилноста на пресудата, но не сме задоволни во однос на преквалификација на пресудата. Значи една пресуда која не соодветствува со доказната постапка. Понатаму ќе се жалиме, изјави Недков.
Од одбраната на четворицата браќа и обвинителството најавуваат дека откако ќе ја добијат и разгледаат пресудата ќе решат дали ќе се жалат на неа или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст