Еден од најквалитетните светски фудбалери Златан Ибрахимовиќ најави дека утре јавно ќе го каже името на клубот каде што ќе ја продолжи кариерата.
Последните недели се шпекулира дека тоа ќе биде Манчестер Јунајтед, но ниту од него, ниту од клубот немаше официјална потврда. Скај спортс објави дека во текот на викендот Ибрахимовиќ бил на “Олд Трафорд” за да ги финализира деталите околу едногодишниот договор со најтрофејниот англиски клуб.
– Подгответе се на 7 јуни да слушнете трансфер-бомба, најголема ова лето – изјави Ибрахимовиќ.
Според британските медиуми, веста ќе биде објавена во 17 часот утре по што Швеѓанецот ќе се врати во тренинг кампот на својата репрезентација на завршни подготовки пред Европското првенство во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.