
Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, денеска на прес-конференција го најавија новиот повик за оваа мерка, којашто се реализира со средства обезбедени од Европската унија, односно од програмата на ИПА.
Ова е само една од мерките што беше воведена со цел намалување на невработеноста и намалување на невработеноста кај младите лица во Република Македонија.
-Станува збор за мерка којашто ја реализираме во изминатите неколку години и којашто е насочена кон создавање прво работно искуство за младите лица до 29 години години, за оние со завршено средно и високо образование. Ова е одлична можност и за приватните компании, под поволни услови да ангажираат млади невработени лица, да ги обучат во нивните работни простории и да се стекнат со првото работно искуство. Оние коишто ќе покажат најдобар квалитет, најдобра посветеност да ги ангажираат и понатаму и да ги задржа на работа. Впрочем тоа и го говорат и бројките – потенцира Спасов и додаде дека во изминатите неколку години преку оваа мерка учествувале над 2.500 млади лица од коишто 1.590 се веќе во работен однос.
Како што потенцира, ова покажува дека голем број млади лица не само што добиле можност да го стекнат своето прво работно искуство, туку голем дел од нив, над 60 отсто, се вработиле и во компаниите каде што го стекнале искуството.
-За оваа мерка, за оваа година имаме обезбедено буџет во износ од 9 милиони и 450 илјади денари, за вкупно финансирање на вкупно 500 млади лица за мерката практиканство – рече Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, рече дека оваа мерка е можност за младите лица да постигнат некој успех во практичната работа, односно да создадат работно искуство коешто е многу важно за понатаму во нивната работна кариера.
– Ова е една можност преку тримесечна практична работа, која што е платена од страна на АВРМ да создадат работно искуство и дел од нив се надеваме дека по завршување на тримесечната практична работа ќе стекнат можност да бидат вработени во компаниите каде што се стекнале со искуството – рече тој.
Огласот е објавен денеска, а ќе трае и во следните 20 дена. Доколку има потреба, тој ќе биде продолжен. Поповски посочи дека за овој проект најчесто се јавуваат мали, средни и големи компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


