Вчера околу 13.00 часот на регионалниот пат Гостивар – с. Неготино се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од непознат возач удрило во велосипед „скот“, управуван од М.Х. (69) од с. Добридол, Гостиварско, по што го напуштило местото на настанот.
Во незгодата М.Х. се здобил со тешки телесни повреди по што во гостиварската болница му била укажана лекарска помош, а поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар – Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС – Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.