Повеќе од 6.000 Колумбијци целосно се соблекоа пред парламентот во Богота, со цел да ја пренесат пораката за мир во земјата, која половина век ја потресуваат вооружени судири.
– Ние и нашата голотија, мирни, спокојни – изјавила Клаудија Барентос, жена на 40-годишна возраст.
– Беше извонредно. Мислам дека сите се чувствувавме еднакво, сите бевме такви какви што сме дошле на овој свет – изјавил 20-годишниот Карлос Белтран.
Фотографот Спенсер Туник , кој се прослави со вакви фотографии, објаснил дека сакал да ја пренесе пораката на „еднаквоста, мирот и единството“.
– Мир, тоа е рај. Чест ми е да се биде овде во време на промени, во надеж дека наскоро ќе биде потпишана мировната спогодба – изјавил мислејќи на преговорите на колумбиската влада и левичарксата вооружена организација ФАРК. Снимените фотографии ќе бидеме изложени во музјеот на современата уметност во Богота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









