| четврток, 6 декември 2018 |

Плата од соништата, три месеци одмор, неработни викенди, а ниеден кандидат за оваа работа

Плата од 190.000 фунти, три месеци одмор и неработен викенд, без ноќни смени во идиличен дел во Нов Зеланд…

Се чини дека овие услови би натерале многумина што побрзо да ги спакуваат куферите, меѓутоа…

Збунетиот доктор Алан Кени изјави дека ситуацијата е таква што тој нуди дури половина од својата ординација на еден успешен кандидат во Токороу, Ваикато, само за да може да отиде на одмор.

Ординацијата на овој 61-годишен старец станала толку посетена во текот на минатата година и сè било добро додека не нашол во проблем да најде некој да му помага во работата.

– Можам да им понудам навистина голема плата. Работата во мојата ординација експлодираше и логично е што повеќе пациенти имате да имате и повеќе работа. Но на крајот на денот сепак тоа е премногу – изјавил овој доктор.

Доктор Кени изјави дека станал очаен поради тоа што не може да најде никој да му помогне и дека сега има 6.000 пациенти.

– Ја сакам својата работа и би сакал да останам но секој пат ја удирам главата од ѕид кога ќе се обидам да привлечам доктор – изјавил тој.

Според зборовите на Линда Рејнолдс, која е началник на тамошната лекарска комора, изолацијата, недостигот на училишта, слабата инфраструктура се некои од главните причини зошто има недостиг од заинтересираност за некои од професиите во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top