| четврток, 6 декември 2018 |

Ликовна работилница на Живко Поповски-Цветин во возот Скопје – Гевгелија

Сликарот и хуманист Живко Поповски-Цветин во возот кој сообраќа на релација Скопје – Гевгелија денеска, 6 јуни, организира ликовна работилница „Цветна патека на мирот“ и притоа на патниците ќе им подарува слики.

Во текот на денот тој ќе одржи ликовна работилница во детски градинки во Гевгелија и во Богданци.

Вечерва ќе се одржи ликовен перформанс „Цветна патека на мирот“, а истовремено ќе биде отворена и изложба во Музејот на град Гевгелија, каде што тој ќе изложи свои 33 дела работени во маслена техника, акрил, на платно и на хартија.

Во изминатата недела Поповски-Цветин имаше ликовни работилници „Цветна патека на мирот“ посветени на завршната академска година во ЕСРА Универзитетот во Скопје, во детската градинка „Борис Трајковски“ во Демир Капија, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза…

Настанот од Скопје до Гевгелија е во организација на Македонски железници и Македонското здружение за обичаи и традиции „Гороцвет“, а во Гевгелија во организација на локалната самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top