| четврток, 6 декември 2018 |

Пет едноставни работи кои треба да ги правите секое утро пред 9 часот

Последните истражувања покажуваат дека луѓето кои стануваат рано се послаби, поздрави и посреќни од луѓе кои сакаат подолго да спијат.

Кетлин Елејми, нутриционист и авторка на книгата „Што ве јаде?‟ (What’s Eating You?), издвоила пет едноставни работи кои треба да ги правите секое утро пред 9 часот ако сакате витка линија.

1. Правете физички вежби, бидејќи за тоа наутро имате најмногу време. Поголема е веројатноста дека ќе имате повеќе обврски попладне отколку наутро.

2. Не го прескокнувајте појадокот. Истражување на Харвард покажало дека луѓето кои секогаш појадуваат подобро го контролираат холестеролот, имаат подобра меморија и не претеруваат со храната во текот на другите оброци во денот.

3. Наутро секогаш дишете длабоко и опуштете се. Две минути длабоко дишење и медитација секое утро може да има позитивни ефекти на вашето тело и физички и ментално. Тоа го намалува крвниот притисок, ја успорува работата на срцето и го редуцира стресот.

4. Обидете се да се будите секое утро во исто време, бидејќи тоа го стабилизира вашиот биолошки часовник.

Благодарение на тоа се стабилизираат и хормоните кои влијаат на апетитот и на нивото на шеќерот во крвта.

5. Секое утро пијте вода, но не премногу брзо ни пак премногу топла вода. Ова ќе има позитивни ефекти на вашето здравје, на утринските вежби, но и на вашата кожа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top